Екстензија на трепки
Classic трепки
Hybrid трепки
Volume трепки
Се Што Треба Да Знаете за Екстензија на Трепки
Екстензиите на трепки се процедура каде на вашите природни трепки се лепат индивидуални влакненца за да се добие подолг, погуст и поистакнат изглед. Третманот е целосно безболен и трае околу 1.5–2 часа, во зависност од густината што ја сакате.
Колку траат?
Обично 4–6 недели, со препорачано одржување (рефил) на секои 2–3 недели за најдобар резултат.
На што да внимавате?
-
Првите 24 часа избегнувајте вода, пареа и потење.
-
Не користете маснотија околу очите (креми, масла, мицеларна вода со масло).
-
Не ги чешкајте и не ги влечете.
-
Чистете ги редовно со специјален шампон за трепки.
Добро е да знаете:
Екстензиите не ги оштетуваат природните трепки доколку се поставени професионално и правилно се одржуваат. Постојат различни стилови—класични, хибрид, волумен—во зависност од ефектот што го сакате.
Се Што Треба Да Знаете за Lash Lift
Подигнати трепки со долготраен природен ефект
Lash Lift е процедура која користи специјални формули за да ги завитка и подигне вашите природни трепки од корен. Секое влакненце се поставува внимателно на силиконски калап, по што се нанесуваат лосиони кои го фиксираат обликот. Процедурата е целосно безболна и трае 45–60 минути.
По третманот, трепките изгледаат подолги, подигнати и поизразени—како да носите маскара, но без одржување.
Колку трае ефектот?
Ефектот трае 6–8 недели, во зависност од природниот циклус на вашите трепки. Нема потреба од рефил, бидејќи Lash Lift работи со вашите природни влакненца.
Се Што Треба Да Знаете за Brow Lamination
Подигнати веѓи
Brow Lamination е третман кој ги омекнува, обликува и фиксира влакненцата на веѓите во посакуваната насока. За време на процедурата се нанесуваат специјални раствори што ги „отворaт“ влакненцата, по што се чешлаат и фиксираат во форма што најдобро го истакнува лицето. Се завршува со хранлив серум за хидратација и сјај. Вкупно трае 45–60 минути.
Резултатот е пополнет, симетричен и „lifted“ изглед, идеален за непослушни, ретки или нерамномерни веѓи.
Колку трае ефектот?
Ефектот трае 6–8 недели, со дневно одржување минимално—само лесно чешлање и по потреба хранливо масло.


